Напорот на Гренланд за целосна независност привлече повторно внимание по контроверзните забелешки на американскиот претседател Доналд Трамп за стекнувањето на полуавтономната данска територија.
Додека движењето за независност во Гренланд го гледа ова како шанса да ја унапреди својата кауза, неодамнешното истражување открива дека 85% од Гренландците се противат на приклучувањето кон САД.
Купанук Олсен, најистакнатиот онлајн инфлуенсер на Гренланд со 1,6 милиони следбеници, се изјасни против агресивната реторика на Трамп. Како член на заедницата на Инуитите, која издржа над илјада години сурови услови, Олсен останува пркосен.
„Ние само треба да откриеме како најдобро да танцуваме со Трамп. Како можеме да го направиме најдобриот договор од ова? Како можеме да го претвориме во нешто профитабилно или корисно за нашата иднина овде на Гренланд? Многу е колонијален начин на размислување да се мисли дека ако Данска повеќе го нема Гренланд, САД само ќе го преземат. Колонизаторите зборуваат за друг колонизатор. Ние сме луѓе“.
Иако огромното мнозинство не ја гледа својата иднина како дел од САД, тоа не значи дека сакаат да останат тесно поврзани со Данска. Многумина овде сакаат посилна автономија и поголемо почитување на самоопределувањето на домородниот народ Инуити, иако мислењата се разликуваат за степенот на оваа независност.
Некои од локланите жителу сметаат дека она кон што Гренланд навистина се стреми е самоуправување и независност. Финансиската и економската поддршка на Данска е важна велат тие, но може да се види зошто САД се заинтересирани. Геополитичката позиција и природните ресурси на Гренланд се многу вредни, особено за воени цели.
Податоците од анкетите ја покажуваат и дилемата за аспирациите на Гренланѓаните; додека 84% сакаат независност од Данска, додека 45% би ја посакале само доколку тоа нема негативно влијание врз нивниот животен стандард.