Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Марк Закерберг го пофали Илон Маск

Извршниот директор на „Мета“, Марк Цукерберг, кој ги поседува Фејсбук и Инстаграм, го пофали својот соперник, сопственикот на „Х“ – Илон Маск.

Откако, според многумина – неочекувано, Цукерберг најави и промени во работењето на компанијата, тој го поддржа новиот претседател на САД, Доналд Трамп. Новитетите наидоа на критики кај некои вработени и корисници. Пример за тоа беше укинувањето на проверувачите на факти.

Во неделното сумирање на заработката на „Мета“, Цукерберг коментираше дека начинот на „Х“ проверува содржина и факти е поделотворен од она што „Мета“ го имаше досега.

„Не се плашам да го признаам тоа кога некој ќе направи нешто подобро од нас. Нашата работа е да го имплементираме најдобриот систем, бидејќи тоа ќе нѐ направи подобри“, рече Цукербер.

Џоел Каплан, еден од директорите на „Мета“, рече дека овој пристап, каде што самата заедница одлучува кои објави се погрешни и имаат потреба од дополнителен контекст, и дека оваа заедница е составена од различни луѓе со различни перспективи и погледи на животот, е многу подобар. Тоа ја намалува можноста за пристрасност.

Имајќи предвид дека во еден миг Маск и Цукерберг не беа најдобри пријатели во минатото (дури договорија и тепачка во кафез – што никогаш не се случи), пофалбите на Цукерберг за „X“ покажуваат дека нивниот однос се подобрува. Маск возврати на „X“: „Тоа е одлично“.

Тоа значи, наместо во кафез, попрво ќе ги видиме овие двајца технолошки милијардери на некоја свечена вечера. И, веројатно, во друштво на Трамп. 

Зачлени се на нашиот е-билтен