Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Мексико почна да распоредува 10.000 војници на границата со САД

 Мексико денеска почна да распоредува 10.000 војници на границата со САД, како што беше ветено во понеделникот, во замена за суспензијата на американската најава за воведување царини од 25 отсто на мексикански производи, соопшти мексиканската претседателка Клаудија Шaјнбаум.

„Веќе почнавме да испраќаме трупи“, изјави таа.

Шaјнбаум додаде дека војниците се распоредени во држави кои „немаат толку многу безбедносни проблеми“.

„Тоа е распоредување што не го остава остатокот од земјата без безбедност“, додаде мексиканската претседателка.

Локалните медиуми денеска јавуваат за мобилизација на воен персонал и припадници на Националната гарда во неколку градови на границата со САД, како Тихуана и Матаморос.

Како што пренесе Бета, новинарите на агенцијата Франс прес виделе и околу 300 војници на аеродромот во Мерида, во мексиканската држава Јукатан.

Клаудија Шајнбаум и американскиот претседател Доналд Трамп синоќа соопштија дека САД го суспендираат воведувањето на царините на еден месец.

Овие царински мерки, дополнителна давачка од 25 отсто за производите од Мексико, требаше да стапат во сила денеска.

За возврат, Мексико вети дека ќе испрати 10.000 војници на границата со САД „за да го запре шверцот на дрога фентанил и илегални мигранти“ во САД, рече Трамп. 

Зачлени се на нашиот е-билтен