Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Македонците во Пустец: Делчев го посвети живот за слободата на македонскиот народ и Македонија

153 – годишнината од раѓањето на македонскиот великан, Гоце Делчев ја одбележаа и Македонците од Пустец. Делегација на познати македонски активисти од областа Мала Преспа, предводена од поранешниот градоначалник на Пустец, Едмонд Темелко, придружуван од Спиро Малевски и Панди Јани, положија свежо цвеќа на спомен бистата која се наоѓа истоимениот плоштад во центарот на Пустец.

„Денеска со гордост се сеќаваме на човекот кој го посвети својот живот за слободата на македонскиот народ и Македонија. Гоце Делчев не е само историска личност, тој е идеал, визија и инспирација за сите генерации Македонци“рече Темелко.

Заедно порачаа „нека зборовите и делата на нашиот великан Гоце Делчев, симболот на македонската борба за слобода, продолжат да нè водат! Вечна слава и почит”.

Почит на Гоце Делчев денеска му оддаде и делегација на македонската партија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, предводена од партискиот лидер, Васил Стерјовски.

Бистата на Гоце Делчев, беше поставена минатата година, а беа вратени и автентичните македонски топоними на Пустец и сите населени места во општината.

Зачлени се на нашиот е-билтен