Полицијата во вторникот соопшти дека 11 лица загинале, а многу се повредени во пукањето во училиштето Рисбергска во Оребро, околу 200 километри западно од Стокхолм.
Тие рекоа дека мотивот за злосторството не е веднаш познат и оти осомничениот сторител, кој е меѓу загинатите претходно не и бил познат на полицијата, и дека дејствувал сам.
Шведската полиција во средата соопшти дека на социјалните мрежи се шират „погрешни наративи“ во врска со масовното пукање во вторникот во центар за образование за возрасни, најсмртоносниот вооружен напад во нордиската земја.
„Сакаме да бидеме јасни дека врз основа на истражните и разузнавачките информации во моментов, нема информации што укажуваат на тоа дека виновникот дејствувал од идеолошки мотиви“, соопшти полицијата во кусото соопштение на својата веб-страница.
Премиерот Улф Кристерсон во вторникот рече дека нападот е најлошото масовно пукање во шведската историја, нарекувајќи го „болен ден“, додека кралот Карл Шеснаесетти Густав го пренесе своето сочувство.