Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Шолц се соочил со притисок во СПД да не се кандидира за лидер

Германскиот канцелар Олаф Шолц се соочил со притисок од Социјалдемократската партија (СПД) да се откаже од кандидатурата за лидер на партијата на претстојните избори, објавија денеска Тагесшпигел и порталот t-online.

Медиумите наведуваат дека претставници на СПД побарале моментално најпопуларниот германски политичар, министерот за одбрана Борис Писториус да го преземе раководството на партијата.
 
Лидерот на СПД Ларс Клингбејл, наводно, го повикал Шолц во најмалку два наврати да ја преиспита својата кандидатура по падот на семафор коалицијата, предводена од партијата на Шолц, во ноември 2024 година.

Зачлени се на нашиот е-билтен