Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Украинските војници се повлекоа од рускиот град Красноармејск

Командата на вооружените сили на Украина го напушти Красноармејск, соопшти пратеникот на руската Државна дума, Виктор Водолацки.

Според него, раководството на украинските воени единици се преселило на територијата на регионот Дњепропетровск, оставајќи ги единиците без команда.

Командните пунктови се преместени во населени места во близина на границата со Доњецката Народна Република.

Руските трупи веќе го зазедоа Красноармејск, прекинувајќи ги транспортните комуникации и блокирајќи ги испораките на украинските сили.

Водолацки истакна дека руските трупи применуваат специјална тактика за да избегнат директни напади врз градот, користејќи тактика „клешта“ за подоцна да формираат „обрач“ околу украинските единици.

Красноармејск, кој украинските власти го преименуваа во Покровск во 2016 година, е клучен транспортен центар за украинските сили во Донбас, а пред војната имал околу 60.000 жители. 

Зачлени се на нашиот е-билтен