Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Италијанската финансиска полиција откри даночна измама „тешка“ 100 милиони евра

Финансиската полиција во италијанскиот град Реџо Емилија откри наводна даночна измама вредна повеќе од 100 милиони евра, организирана од осомничен криминален синџир, во кој биле вмешани 400 вистински и фиктивни компании, соопштија извори од истрагата.

Даночната полиција соопшти дека под истрага се 179 лица, додека во Италија се извршени 91 претреси, од Торино до Кротоне, пренесе АНСА.

Операцијата, со кодно име „Омброманто“, започна утринава, кога беа претресени 87 лица и четири бизниси во неколку италијански провинции, вклучително и 23 во областа Реџо Емилија, додадоа истражителите.

Зачлени се на нашиот е-билтен