Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

По САД, Аргентина и Унгарија најавува напуштање на СЗО

Канцеларијата на унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска соопшти дека Унгарија би можела да се повлече од Светска здравствена организација (СЗО).

Министерот задолжен за кабинетот на унгарскиот премиер, Гергели Гуљаш изјави дека верува оти „доколку најмоќната земја во светот одлучи да ја напушти меѓународната организација, тогаш би било разумно унгарската Влада да размисли“ дали треба да го преземе истиот чекор.

„Можеби ќе дојдеме до заклучок дека не мора да го правиме ова, можеби ќе донесеме поинаква одлука, се разбира, но дефинитивно вреди да се размисли“, истакна Гуљаш.

Американскиот претседател Доналд Трамп нареди повлекување на САД од СЗО речиси веднаш по преземањето на функцијата на 20 јануари, а вчера и Аргентина најави повлекување од Светска здравствена организација.

Трамп и неговите сојузници ја обвинија СЗО дека се меша во суверенитетот на земјите, оти е под несоодветно влијание од Кина и поради нејзиниот „недоволно компетентен“ одговор на Ковид-19.

Зачлени се на нашиот е-билтен