Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Американската осигурителна компанија исплатува 1,1 милијарда долари поради шумските пожари во Калифорнија

 Американската осигурителна компанија Allstate Insurance денеска соопшти дека ќе плати 1,1 милијарда долари (1,65 милијарди евра) за штетите предизвикани од пожарите што ја зафатија Јужна Калифорнија во јануари.

Иако исплатата е доста висока, компанијата вели дека успеала делумно да ги намали загубите со повлекување од пазарот во Калифорнија, јави Си-Ен-Ен.

Износот што треба да го плати Allstate е сè уште мал дел од вкупните побарувања за осигурувања по јануарските пожари во Калифорнија, бидејќи би требало да се обесштетат сопствениците на 16.600 недвижнини, а истражувачката компанија CoreLogic, која ги следи трошоците за катастрофи како што се пожари и урагани, вели дека тоа може да чини помеѓу 35 и 45 милијарди долари.

Многу осигурителни компании, вклучително и Allstate, ги откажуваат полисите за сопствениците на куќи поради зголемената опасност од шумски пожари во многу области на Калифорнија, оставајќи ги со поскапи и често ограничени алтернативи.

Компанијата Allstate пријави профит од 2,1 милијарди долари (2,03 милијарди евра) во четвртиот квартал, што е за 34 отсто повеќе од претходната година. 

Зачлени се на нашиот е-билтен