Виктор Орбан е руски агент и трол во ЕУ, а Унгарија е посткомунистичка мафијашка држава, вели Балинт Маѓар, поранешен унгарски министер за образование и виш истражувач во Институтот за демократија ЦЕУ, во интервју за N1.

Маѓар, кој неодамна беше коавтор на есеј во The Foreign Affairs со наслов „Зошто Америка нема да стане Унгарија“, нагласува колку е важно да се прави разлика помеѓу автократските постапки на Виктор Орбан и Доналд Трамп, особено во светлината на функционирањето на политичките системи во САД и Унгарија.
Многу важен сегмент во кој Унгарија и САД се разликуваат е односот меѓу лидерот и олигархот, додека во Унгарија тоа е однос патрон-клиент, во САД, барем засега, е однос клиент-клиент.
Маџар, исто така, ги истакнува идеолошките и политичките разлики што постојат меѓу Трамп и Орбан.