Трет американски носач на авиони пристигна на Блискиот Исток

Линколн
Носачот на авиони „УСС Абрахам Линколн“, (Picture source: U.S. Department of War)

Американскиот носач на авиони „Теодор Рузвелт“ во неделата пристигна на Блискиот Исток, каде што веќе се распоредени „Џорџ Х. В. Буш“ и „Џорџ Вашингтон“. Пристигнувањето го потврди американски воен претставник за Си-би-ес њуз.

Првично било планирано „Теодор Рузвелт“ да го замени „Џорџ Вашингтон“, објави „Де нешнал“, повикувајќи се на американски претставник. Засега сите три носачи се во регионот, а сè уште нема информација колку долго ќе трае ваквиот распоред.

Истиот ден, Иранската револуционерна гарда соопшти дека со дронови гаѓала радарски систем во американска база во Бахреин. Властите во Бахреин соопштија дека противвоздушната одбрана ги пресретнала дроновите.

Рацин.мк ве прашува:

Кој дел од системот е најодговорен за убиствата на жени?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој дел од системот е најодговорен за убиствата на жени?