„Не само што е срамно што овој процес оди толку бавно, туку тоа не е одговорност на Македонија, туку на членките на ЕУ. Затоа го поддржуваме членството на Македонија. Европската унија треба да ја подобри конкурентноста и не гледам друго решение за подобрување на конкурентноста освен проширувањето. Досега, секое проширување на Европската унија донело само добро“, рече премиерот на Украина, Виктор Орбан, на заедничката конференција со премиерот Христијан Мицкоски.
Според Орбан, Македонија може да смета на поддршката на Унгарија на својот европски пат. Премиерот Мицкоски изрази оптимизам за поддршката на Унгарија. Пречките во процесот на интеграција на земјата се срамни.
„Направивме многу. Нешто што беше на штета на македонскиот идентитет, но мора да останеме оптимисти дека и во иднина ќе се бориме за остварување на нашата цел, иако сме свесни дека постои и вина дома, бидејќи наши корумпирани политичари, мислејќи дека Брисел ќе заборави на криминалот и корупцијата дома и уништувањето на државата потпишале се што им се нудело на маса. Тие влегоа во пат од кој нема враќање и ја влошија преговарачката позиција од месец до месец и од година во година“, рече македонскиот премиер Мицкоски.