Османи му врати на Мицкоски: Македонскиот јазик е прифатен во ЕУ и преговарачката рамка без никаква фуснота

По изјавата на премиерот Христијан Мицкоски за поранешниот министер за надворешни работи, Бујар Османи во која остро го нападна нарекувајќи го „Човекот кој што преговарал и го распродавал неговиот македонски идентитет и неговиот македонски јазик има најмал кредибилитет да зборува, затоа што како што рече ‘ тој ако мене не ме почитува, не го почитува ни својот мајчин албански јазик’, екс шефот на дипломатијата му возврати.

Османи му порача на Мицкоски дека доколку направи пола од тоа што тој го направил за македонскиот јазик, Албанците ќе му бидат благодарни.

„Македонскиот јазик прифатен во ЕУ и преговарачката рамка без никаква фуснота Потпишан првиот договор со ЕУ каде се признава македонскиот јазик (ФРОНТЕКС) За меѓународната афирмација на македонскиот јазик имам повеќе јас направено отколку било кој од нив. Нека направи Премиерот Мицковски за албанскиот јазик половина од тоа што јас имам направено за македонскиот, Албанците ќе му бидат многу благодарни, но уште поважно, нека не го загрозува тоа што други пред него го направиле“, напиша Османи на ФБ.

Зачлени се на нашиот е-билтен