Телефонски разговор на Зеленски со Голоб: Мировниот план ќе биде готов во блиска иднина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска телефонски разговараше со словенечкиот премиер Роберт Голоб за планот за првите чекори кон праведен и одржлив мир и истакна дека тој ќе биде готов во блиска иднина.

„Разговарав со словенечкиот премиер Роберт Голоб за да го информирам за лидерскиот самит во Лондон и да разговараме за нашите заеднички напори. Подготвуваме план за првите чекори кон праведен и одржлив мир. Работиме на тоа со забрзано темпо. Планот ќе биде готов во блиска иднина“, напиша Зеленски на платформата Икс.

Тој истакна дека Европа има заедничка визија за завршување на војната и обезбедување безбедност и дека таа треба да биде присутна во идните преговори заедно со Украина и САД.

Зачлени се на нашиот е-билтен