Притисоците врз ССМ ќе стигнат до Европската комисија

За притисоците врз ССМ ќе се слушне до Брисел. Европските синдикалци ја предупредија македонската Влада дека ќе ѝ пренесат на Европската комисија дека ги попречува синдикалните напори за повисока минимална плата. Гласно ѝ порачаа дека битката за работнички права велат е легитимна и меѓу најважните сегменти за пристапувањето кон ЕУ.

„Ако треба синдикатите ќе излезат и на улица, меѓутоа ние очекуваме дијалог, социјален дијалог, демократски институции кои што обезбедуваат таков дијалог, затоа што улогата на социјалниот дијалог на синдикатите се вкоренети во договорите за ЕУ во нашите демократски процеси. Земја што не ги почитува тие права мора да биде повикана на одговорност. Се надевам дека во Македонија тие напади врз синдикатите ќе престанат, дека ќе се врати социјалниот дијалог и дека ќе има преговори и дека преку тие преговори ќе се договорите која е адекватната минимална плата за работниците во Македонија.Ние следиме и известуваме што се случува во оваа земја“, вели Теа Јарц секретарка на Европска конфедерација на синдикати.

Премиерот не е загрижен од ваквата изјава, напротив вели дека бил мотивиран. Бара евриопските институции да ги слушнат и владините аргументи.

„Доколку информацијата е еднострана, а сигурен сум дека ќе сакаат да ја слушнат и втората страна, дебата и заклучоците би биле поинакви“, вели Христијан Мицковски премиер на РСМ.

Поддршка За ССМ стигна и од синдикалците од Босна и Херцеговина, Република Српска, Србија, и Црна Гора.

„Сите Влади во регионов во државите кои произлегуваат од Југослвија , освен Словенија и Хрватска како да се од иста мајка родени, потполно се идентични во нивните методи на притисок, методи на закани и се она што ги оневозможува синдикатите да ги остварат своите задачи“, вели Фикрет Алиќ претседател од синдикат на БИХ.

„Се чини дека властите во овој регион не реагираат воопшто на нормално, на мирно, на разговор, на дијалог, на аргументи а сите аргументи ние ги имаме и реагираат само на притисок. Ако така реагирате само така на притисок, ќе си добиете притисок“, вели Душко Вуковиќ претседател на независен синдикат на Србија

Со законското зголемување во март минималецот треба да порасне на 24.400 денари. ССМ бара тој да биде 500 евра, а за разликата од 6.000 повисоките придонеси да ги субвенционира државата, односно бизнисот да биде ослободен една година.

Зачлени се на нашиот е-билтен