Се собираат граѓаните во Кочани, почнуваат мирните протести за изнаоѓање на виновниците за пожарот во „Пулс“

Граѓаните на Кочани денеска во Градскиот парк, со почеток во 15 часот ги започнаа мирните протести, кои како што е најавено ќе продолжат и во наредните денови. Со протестите се бара одговорност за трагедијата во дискотеката Пулс која ги одзеде животите на 59 млади и невини луѓе, а над 160 се повредени.

Протестот е најавен на социјалните мрежи.

За понеделник иницијативата „Кој е следен“ исто преку социјалните мрежи најавува протести кои ќе се оддржат на плоштадот Македонија.

Зачлени се на нашиот е-билтен