Полицијата во Велес поднесе кривична пријава против 68-годишниот Д.К. од Велес поради ширење омраза преку коментари на социјалните мрежи.
Според МВР, на 4 февруари 2025 година, за време на емитување во живо на емисија на национална телевизија, пријавениот на фан-страницата на телевизијата објавувал коментари со содржина што поттикнувала омраза.
Случајот е пријавен до надлежните органи за понатамошна постапка.