Зеленски го потврди присуството на украински војници во рускиот регион Белгород

Украинскиот претседател Володимир Зеленски официјално го потврди присуството на украински војници во рускиот регион Белгород, велејќи дека активните операции во нивните погранични области се оправдан одговор на руската инвазија.

“Продолжуваме со активни операции во пограничните области на непријателска територија и тоа е апсолутно фер – војната мора да се врати од каде што дојде“, рече Зеленски, пренесува Дневни аваз.

Ова е прва јавна потврда за присуство на украински единици во Белгородската област. Претходно, таквите операции не беа официјално коментирани.

Зеленски нагласи дека главната цел на овие акции е заштита на украинските заедници во регионите Суми и Харков, кои се систематски напаѓани од Русија.

Претходно руското Министерство за одбрана објави дека вооружените сили на Украина се обиделе да пробијат единици на руска територија во западниот дел на Белгородската област кон населбите Демидовка и Прилесје.

Зачлени се на нашиот е-билтен