По средбата на Трамп, Путин и Си, Европа бара гаранции за Украина

Трамп
EPA/ANDRES MARTINEZ CASARES / POOL

Европските сојузници на Украина денеска се собираат во Берлин за да ја усогласат поддршката за Киев и позициите за мировните преговори, по разговорите на Доналд Трамп со Владимир Путин и Си Џинпинг во Кина.

На состанокот на „Коалицијата на подготвените“ е најавено учество на лидерите на Германија, Франција, Велика Британија, Полска и Италија, како и на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Ќе присуствуваат и американските претставници Стив Виткоф и Џаред Кушнер, од кои се очекуваат информации за разговорите во Шенжен.

Во фокусот се безбедносните гаранции за Украина по евентуален прекин на огнот. Според германски претставници, целта е тие да бидат цврсти и правно обврзувачки. Европските лидери сакаат и заеднички да одговорат на исходот од средбите во Кина.

Состанокот се одржува во услови на загриженост дека одлуки за војната и европската безбедност би можеле да се носат без учество на Киев и европските сојузници. Украинскиот претседател Володимир Зеленски повтори дека за Украина не може да се одлучува без Украина, ниту за Европа без Европа.

Кушнер, пак, најави дека разговорите ќе бидат насочени кон поблиска координација со украинските и европските партнери и подготовка на следната рунда мировни преговори.

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?