Македонските стрип автори доминираат во списанијата на Стрип центарот од Велес

Излегоа од печат списанијата ,,Стрип КРЕАТОР” бр. 37 и 38 и ,,Стрип АЛМАНАХ” бр. 8 во издание на Стрип центарот на Македдонија – Велес. Списанијата се финансирани преку Годишната програма за издаваштво на Министерството за култура и туризам на РС Македониа.

СТРИП КРЕАТОР  е единствена постојана стрип публикација кај нас која излегува од 2003 кадешто македонските автори континуирано ги објавуваат своите стрип дела, а меѓу нив и дела на дебитантски автори.

Во овие списанија на македонски јазик се објавуваат подобрите странски, но и домашни автори од традиционалниот мегународен стрип конкурс.

Во бројот 37 меѓу другите застапени стрип дела на: Марко Стојановиќ, Марко Николиќ од Србија, Никола Видацковиќ-Хрватска, Миодраг Бунијевац, Србија, Ведат Шабанаџовиќ-БИХ, Даниел Даниел од Романија но и македонските  автори Дарко Богданов, Александар Стеванов, Кана Бутеска, Теодора Христова, Војдан Андонов и Александар Бараковски.

Во број 38 се  застапени и Милан Јовановиќ, Влада Алексиќ, Дражен Ковачевиќ, Аљоша Томиќ-Србија ,Разван Бронеску-Романија , Маја Перак –Хрватска ,Димитрис Аврамопулос-Грција …како и Александар Танчовски, Елена Апостоловска, Методија Стојановски и Александар Танчовски од Македонија.

Што се однесува до  ревијата „СТРИП АЛМАНАХ’  тоа е издание кадешто се застапени стрипови на македонски автори (и по некој од други земји) под сценарио на Ване Трајков и завршуваат за време на мегународната стрип колонија во Велес. Во број 8 се објавени дела нацртани од: Илко Стојановски, повторно Методија Стојановски, Славица Купенкова, Ѓургица Варела, Ана Марија Стефаноска, Ангела Петрушевска, Дарко Бојовски, Мартина Величковска како и гостинот Ивица Сретеновиќ од Србија.

Овие изданија на Македонскиот стрип центар, како и сите претходни, во добар дел се делат на разни институции, фестивали и стрип и настани во нашата и други земји, но можат и да се набават преку следниот е маил: vanecomic@yahoo.com

Зачлени се на нашиот е-билтен