Анкета на Ројтерс/Ипсос: Поддршката за економската политика на Трамп опаѓа

Само 37 отсто од Американците ја одобруваат економската политика на претседателот Доналд Трамп, додека општиот рејтинг на одобрување е 42 отсто, покажуваат резултатите од најновата анкета на Ројтерс/Ипсос.

Според испитувањето, ова е најниска поддршка што Трамп ја добил од почетокот на неговиот мандат. Аналитичарите се согласуваат дека причината е неговата царинска политика што предизвика нестабилност на берзите и во глобалната економија.

Истовремено, Трамп бележи слаби резултати и во други области: само 31 отсто го поддржуваат за справувањето со трошоците за живот, а 86 отсто од испитаниците изразиле загриженост поради растечките цени. Ниска е и поддршката за неговата политика за животната средина, правото и трговијата – се движи околу 33-35 отсто.

И покрај ова, Трамп сè уште има цврста база и голем дел од Американците се уште му даваа шанса дека може да успее во неговите политики. Целокупниот рејтинг e 42 отсто, или повеќе од оној што претходникот Џо Бајден го имал во тек на голем дел од неговиот мандат. Дури 81 отсто од републиканците поддржуваат како Трамп ја води економијата.

Анкетата е спроведена меѓу 4.306 возрасни граѓани од 16 до 21 април, со маргина на грешка од ±2 проценти. 

Зачлени се на нашиот е-билтен