Ѓоковиќ откри дека дел од минатата година го поминал во болници, бил разочаран од лекарите и храната

Новак Ѓоковиќ изјави дека поголемиот дел од минатата година го поминал во болници поради операцијата, но и поради лекувањето на членови на неговото семејство.

Тој додаде дека во таа прилика забележал како лекарите се однесуваат кон пациентите и дека бил многу разочаран, особено од исхраната на пациентите.

  • Поради мојата операција минатата година и некои здравствени проблеми на моите најблиски членови на семејството во последните пет или шест месеци, поминав некое време во различни болници во мојата земја и во странство – објасни Ѓоковиќ во интервју за „Бизнис травелер“.

Тој додаде дека носи лоши впечатоци од тој период.

  • Бев многу љубопитен што јадат и пијат луѓето таму. Како лекарите се грижат за своето здравје? И бев донекаде разочаран бидејќи многу од нив јадат брза храна и пијат пијалоци со многу хемикалии.

Поради ова, Ѓоковиќ дошол до идеја како да им помогне на луѓето да се хранат здраво, па го започнал проектот „Сила“, бренд на додатоци во исхраната кој бил лансиран и во Европа и во САД.

  • Работиме на суштински аспекти на перформансите и долговечноста, вклучувајќи го спиењето, фокусот, здравјето и развојот на мускулите – објасни тој, додавајќи дека овој проект не се однесува само на професионалните спортисти.
  • Секој сака да го даде својот максимум, без разлика дали е дома или на работа. Без разлика дали сте спортист или не, треба да се хидрирате. Можете да преживеете еден или два дена со лоша исхрана или разни проблеми со хидратација, но тоа не може да трае долго. Порано или подоцна ќе почнете да размислувате како да се чувствувате подобро, бидејќи никој не сака ниска енергија и замор. Не можеш само да пиеш кафе по кафе за да завршиш работа, а потоа да се вратиш дома и децата да сакаат да си играат со тебе. И си уморен. Тој забележал дека многу луѓе се заробени во ваков циклус.

Српскиот тенисер ги објасни мотивите за таков проект.

  • Една од моите најголеми желби е да видам повеќе здрави луѓе, а помалку болни. Тоа не се случува преку ноќ и сакам да се фокусирам повеќе на превенција и поврзување со природата на долг рок. Мора да најдеме начин да ја балансираме конвенционалната медицина со алтернативната медицина.

Тој објасни на што ќе се посвети откако ќе ја заврши кариерата.

  • Родителството е моја голема страст. Сакам да им надоместам на децата за времето што не бев со нив. Убаво е да се биде дел од нивните секојдневни активности. Тоа ми го исполнува срцето со задоволство – рече Ѓоковиќ.

Зачлени се на нашиот е-билтен