Колапс на мобилните мрежи во Шпанија: Милиони луѓе без сигнал

Во вторникот наутро, во Шпанија сите главни мобилни мрежи истовремено паднаа, предизвикувајќи целосен прекин на комуникацијата за милиони корисници – и тоа само четири недели по масовниот прекин на струја што веќе ја потресе земјата.

Според податоците од сајтот Downdetector, проблемите започнале околу 5 часот наутро, по што следеле илјадници пријави ширум државата.

Погодени се мрежите Movistar, Orange, Vodafone, DigiMobil и O2, што практично значи дека целата територија на Шпанија останала без стабилна мобилна конекција.

Сè уште нема официјални информации за причината на прекинот, а операторите не излегоа веднаш со детални соопштенија. Наводно, техничките тимови работат на отстранување на проблемот, додека корисниците на социјалните мрежи известуваат за целосна неможност да се вршат повици, да се испраќаат пораки или да се користи мобилен интернет.

Ова е втор голем инцидент за многу кратко време. Само пред еден месец, Шпанија беше погодена од масовен прекин на електрична енергија, што ги парализираше делови од транспортот, индустријата и јавните служби. Сега се поставува прашањето дали овие настани се поврзани – и дали земјата се соочува со посериозен системски проблем.

Зачлени се на нашиот е-билтен