Унгарскиот Парламент го поддржа предлогот земјата да се повлече од Меѓународниот кривичен суд

Унгарскиот парламент денеска го поддржа предлогот на владата за повлекување на земјата од Меѓународниот кривичен суд (МКС).

За одлуката со која Унгарија по 23 години се откажува од Римскиот статут и се повлекува од Меѓународниот кривичен суд, гласаа 134 пратеници, 37 беа против, а седуммина воздржани.

Владата, поднесувајќи го предлогот, наведе дека судот станал политичка организација, отстапувајќи од својата првобитна цел.

  • Унгарија најостро го отфрла користењето на меѓународните организации, особено кривичните судови, како инструменти за политичко влијание, се наведува во предлог-законот што го поднесе пред парламентот вицепремиерот Жолт Шемјен.

Иако земјите членки на Европската унија се членки на ова тело, неколку земји (вклучувајќи ги Кина, Русија, Турција, Израел и САД) сè уште не ја ратификувале конвенцијата.

Владата на премиерот Виктор Орбан го најави овој потег на 3 април, кусо по посетата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на Будимпешта, за кого овој суд издаде налог за апсење поради наводни воени злосторства во Газа.

Зачлени се на нашиот е-билтен