Касами: Поединци ја напуштаат Алијанса за Албанците, останатите ќе се интегрираат во новата партија „Вреди“

Претседателот на Движење Беса, Биљал Касами по оставките на дел од владините функционери од редовите на Алијанса за Албанците (АА), истакна дека станува збор само за неколкумина индивидуалци, додека останатите ќе продолжат да бидат дел од Владата и новоформираната партија „Вреди“. На новинарско прашање како ќе се постапуваа откако се формираа три крила на Алијанса за Албанците, Касами рече дека таа партија е една која е дел од коалицијата „Вреди“ и во иднина ќе биде дел од истоимената заедничка партија.

  • Една е Алијанса за Албанците, таа што е дел од коалицијата „Вреди“, има процедури од правен аспект кои се во судска постапка. Ние се надеваме дека тоа брзо ќе заврши во интерес на вистинската да кажам Алијанса на Албанците. Но, за нас важно е каде се гласачите на АА, а гласачите на Алијанса на Албанците се како дел од „Вреди“ за тоа што беа важен чинител на победата во парламентарните избори. Од формален аспект, веќе е донесена одлука да „Вреди“ стане политичка партија и политички субјект. Така да за нас е многу помалку важно, дали ги имаат печатите или не, за нас е важно гласачите на Алијанса на Албанците да бидат таму кај што беа на последните парламентарни избори, рече Биљал Касами по настан во Тетово каде беше во својство на градоначалник.

Прашан кој ќе ги замени тие што поднесоа оставка во Владата, Касами рече дека во тек се консултации со премиерот.

  • Овие денови ќе се знаат имињата на министри, заменик министри. За нас е тоа важен процес, затоа што министерството за здравство е многу важно министерство за да имаме резултати кои сме ги нуделе на граѓаните на последните парламентарни избори. Само индивидуи кои соработуваат на некој начин или форма со ДУИ не се добредојдени, но ние цениме дека Алијанса на Албанците и сите кои сакаат да останат во Алијанса на Албанците и следователно на тоа и на Вреди, се добредојдени. Така да веќе почна тоа како процедура, рече Касами.

Зачлени се на нашиот е-билтен