Повеќе од 50 уапсени во акција против трговија со дрога меѓу Италија и Албанија

Италијанските и албанските власти уапсија 52 лица во координирана операција насочена против трговија со кокаин и хероин меѓу Балканот, Северна Европа и јужниот италијански регион Пуља, јави новинската агенција Анса.

Полицијата во денешната акција запленила имот вреден милиони евра, а осомничените се соочуваат со обвиненија за меѓународна трговија со дрога, перење пари и злоупотреба на службена положба, се вели во извештајот.

Операцијата била предводена од италијанската антимафијашка и антитерористичка полиција во соработка со Агенцијата на Европската унија за соработка во областа на кривичната правда (Еуроџаст).

Како што пренесе ДПА, Интерпол исто така учествувал во прекуграничната акција.

Зачлени се на нашиот е-билтен