Џулијан Асанж носеше маица во Кан со имиња на деца убиени во Газа и зборовите „Стоп Израел“

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, на Канскиот филмски фестивал носеше маица со имињата на 4.986 деца убиени во Газа. На задната страна од неговата маица пишува „Стоп Израел“.

Тој пристигна во Кан за премиерата на документарниот филм „Човекот од шест милијарди долари“ за неговиот живот. Режисер беше Еуген Јарецки, а беше прикажан како дел од специјална програма.

Асанж не сакаше да разговара со присутните новинари. Неговата сопруга Стела Асанж изјави: „Тој ќе проговори кога ќе биде подготвен“. Таа исто така рече дека уживаат во природата околу нивниот дом во Австралија.

„Џулијан поминува време во природа. Отсекогаш го сакал тоа. Навистина се опорави физички и ментално“, изјави таа за АФП.

Тој беше ослободен од британски затвор во јуни минатата година по спогодбата за признавање на вина со американската влада за работата на Викиликс во објавувањето на строго доверливи воени и дипломатски информации.

Тој помина пет години зад решетки борејќи се против екстрадиција од Велика Британија, а уште седум години се криеше во еквадорската амбасада во Лондон, каде што побара политички азил.

Зачлени се на нашиот е-билтен