Земјотрес со магнитуда од 6,1 степени се случи во четврток наутро во близина на градот Елунда на островот Крит во Грција, пишува новинската агенција Ројтерс.
Германските геонаучници соопштија дека се случил на длабочина од 77 километри.
Досега нема извештаи за смртни случаи, повредени или голема материјална штета.
Грчките пожарникари се во состојба на готовност.
Областа околу грчкиот остров Крит е една од сеизмолошки најактивните во Европа.