Франција пред финансиски колапс, алармира Државниот ревизорски суд

Франција би можела да се соочи со значаен недостиг на фискални ресурси до 2027 година, освен ако не се преземат итни чекори за ограничување на државните трошоци, предупреди францускиот Државен ревизорски суд.

Во извештајот на ревизорите објавен вчера, а пренесен денес од француските медиуми, како главен фактор за зголемениот дефицит се посочуваат обемните социјални програми. Само во 2024 година, социјалниот фонд регистрира дефицит од 15,3 милијарди евра, а за 2025 се предвидува негативен биланс од 22,1 милијарди евра.

Судот проценува дека овој дефицит може да биде уште поголем, бидејќи владините предвидувања за економски раст и фискални заштеди се оценети како премногу оптимистички. “Мора повторно да ја преземеме контролата. Во последните години, особено во 2023 и 2024, ја изгубивме контролата врз јавните финансии”, изјави претседателот на Судот, Пјер Московиси, за француското радио RTL.

Буџетскиот дефицит во 2024 достигна 5,8 проценти од БДП, што е значително над границата од три проценти поставена од Европската Унија. Владата најавува план за намалување на дефицитот на 5,4 проценти во 2025 и постепено до три проценти до 2029 година.

Минатата недела ММФ ѝ советуваше на Франција да ги намали социјалните издатоци и дополнително да го реформира пензискиот систем.

Зачлени се на нашиот е-билтен