Разрешен Енвер Беџети

Енвер Беџети, судијата што САД заедно со екс вицепремиерот го стави на црната листа, поради висока корупција во случајот со заташкување на предметот на Сашо Мијалков за незаконското прислушување е разрешен.

Извори на ТВ 24 од Судскиот совет велат дека само еден судија гласал против.

Беџети за кого се води и предистражна постапка во ОЈО е разрешен поради нарушување на угледот. Тој за заташкување на случајот на Мијалков веќе еднаш беше казнет со 20% од плата.

Зачлени се на нашиот е-билтен