Преговорите за безбеден извоз на жито преку Црното Море со посредство на ОН се закажани за утре, со учество на сите страни, изјави денеска висок украински функционер.
– Разговорите се закажани за утре. Сите страни се вклучени… Се надеваме дека ќе има резултати, изјави неименуван извор за западни медиуми.
Русија, која ја нападна Украина во февруари минатата година, најави дека нема да дозволи продолжување на договорот постигнат во јули минатата година по 18 мај, бидејќи нејзините барања за олеснување на извозот на руски житарки и ѓубрива не се исполнети