Министер за труд на Уганда, Чарлс Енгола денеска е убиен од неговиот телохранител, најверојатно поради приватни несогласувања, објавија локалните медиуми.
Енгола беше пензиониран армиски полковник. Според државната телевизија на Уганда, напаѓачот, чиј идентитет не се соопштува, пукал во министерот, а потоа и во себе.
Инцидентот се случил во домот на Енгола во главниот град на Уганда, Кампала.
Според локалните медиуми спорот бил за платите на обезбедувањето.
Очевидци тврдат дека војникот викал дека долго време не добил плата, иако работел за министерот, објави порталот „Најлпост“.