Окружниот судија Маме Евуси-Менса Фримпонг во оваа американска држава вчера му наложи на Министерството за внатрешна безбедност да ги запре апсењата на тамошните имигранти без основано сомнение за кривично дело.
Според пресудата на судијата Фримпонг, пренесува ДПА, полицајците и другите државни службеници повеќе не ќе смеат да притвораат луѓе врз основа на нивната етничка припадност, јазик или професија.
Окружниот судија притоа му наложи на министерството да развие упатства за службениците да можат да утврдат основано сомнение надвор од „очигледната расна или етничка припадност“ на лицето, јазикот што го зборува или неговиот акцент, неговото занимање или локација.

Во втората пресуда, судот нареди на притворените да им се овозможи пристап до адвокат.
Одлуките на судијата се однесуваат само на Лос Анџелес и други области во јужна Калифорнија, појаснува германската агенција.
Случајот го покрена Американската унија за граѓански слободи (ACLU) во име на лица кои наводно биле уапсени без основана причина.