ДУИ: Ги отфрламе клеветите за наводна вмешаност во сериозни инциденти, како подметнување пожари во околината на Скопје

Демократската унија за интеграција ги отфрла клеветите од одредени кругови блиски до власта, со цел дискредитација на нашите функционери и политички активисти во Шуто Оризари, вклучително и наводната вмешаност во сериозни инциденти како подметнување пожари во околината на Скопје и Визбегово


„Овие намерни обиди за манипулација на јавноста претставуваат директен напад врз опозицискиот глас и политичкото претставување на Албанците. Во пресрет на локалните избори, јасно е дека станува збор за добро осмислена стратегија за заплашување, уценување и слабеење на организациските структури на ДУИ, наместо соочување со граѓаните преку политичка алтернатива и фер демократска дебата“, посочуваат од ДУИ.


Интегративците ги повикуваат надлежните институции транспарентно да ги разјаснат причините, правната основа и целта на полициската контрола спроведена во домот на г. Иљас Лесковица, како и да објаснат кој од инкриминираните кругови стои зад ваквите селективни одлуки кои имаат за цел вршење притисок врз легитимни политички претставници.


Демократската унија за интеграција потсетува дека заробувањето на правдата и инструментализирањето на институциите не се предизвик само за една политичка партија, туку сериозна закана за демократскиот поредок и за европската иднина на земјата. За жал, ова не е првпат државните структури да се злоупотребуваат за политички цели. Претходни случаи, вклучително и случајот со Кочани, јасно покажуваат дека вистинските виновници не се соочуваат со правдата, додека други се користат како жртви на политички калкулации.


„Исто така, е неприфатливо структури поврзани со урбаниот криминал и незаконски активности да бидат заштитувани од власта и да се користат како алатки за напад врз опозицијата и задушување на политичкиот плурализам во земјата. Демократската унија за интеграција останува цврсто посветена на владеењето на правото, независната правда и достојното претставување на Албанските граѓани на сите нивоа. Ниту еден притисок, ниту една закана нема да ја поколеба нашата волја да го браниме легитимното право на политичко учество и претставување“, велат од ДУИ.

Зачлени се на нашиот е-билтен