Француската амбасада со остра реакција за нападот врз Арсовска

Амбасадата на Франција во Македонија, порача дека насилството врз демократски избрани претставници, како што е Арсовска, е целосно неприфатливо.

Амбасадата на Франција во Скопје остро го осудува физичкиот и вербалниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Во своето соопштение, Амбасадата порача дека насилството врз демократски избрани претставници е целосно неприфатливо.

„Амбасадата на Франција најостро го осудува овој чин на физичко насилство, како и вербалните напади денес упатени кон градоначалничката на Град Скопје, г-ѓа Данела Арсовска,“ се наведува во реакцијата. Додаваат дека почитувањето на другиот и на претставниците на народот е суштинска демократска вредност.

Зачлени се на нашиот е-билтен