Целата јавност го осуди насилството над Арсовска, само Мицкоски го одобрува и ги поддржува насилниците

Од СДСМ велат дека 'целата јавност го осуди насилството над Арсовска, само Мицкоски го одобрува и ги поддржува насилниците'.

„Мицкоски со тоа признава дека го одобрува насилството, а можеби и стои директно зад насилниците. Мицкоски е познат по заканите и тоа не би било воопшто чудно. ВМРО-ДПМНЕ јасно порача: секој кој ќе се дрзне да го открие криминалот на оваа Влада ќе се соочи со закана и заплашување. Се враќа ВМРО-МВРО на голема врата, но Мицкоски треба да знае дека таков систем граѓаните еднаш поразија и ќе го поразат повторно. Нема место за нов режим во нашето општество“, велат од СДСМ.

Според опозициската партија, Мицкоски секојдневно го покажува своето авторитарно лице, нешто на кое СДСМ со месеци предупредува.

„ВМРО-ДПМНЕ секогаш кога ќе се соочи со критика или со откривање на криминал прибегнува кон репресија, тепање и закани. СДСМ нема да молчи кога се во прашање слободата, безбедноста и злоупотребите. Никој не смее да живее во страв и никој не смее да се плаши да пријави криминал на власта“, велат во СДСМ.

Зачлени се на нашиот е-билтен