Претседателот на Централната изборна комисија на Албанија, Целибаши, во емисија на РТШ посочи дека партиите во предизборната кампања трошат повеќе од тоа што пријавуваат, но дека нема соодветни механизми за верификација. Во Република Косово Денот на Европа се одбележува како официјален празник, иако интеграцијата на земјата во ЕУ е се уште далечна.
Во продолжение се темите од изборот на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-ПРЕС.
АЛБАНИЈА
Јава Њуз: „Партиите трошат повеќе отколку што пријавуваат“ – претседателот на ЦИК: Невозможно е да се следат парите на избори
Можеби сум малку наивен, но не толку, и верувам дека се троши повеќе отколку што е пријавено, но се додека нема механизам легално да го потврди тоа, тогаш ќе мора да веруваме во кој било изграден механизам за да ја направи верификацијата“, изјави првиот човек на ЦИК, Целибаши, во емисијата „Без цензура“, на РТШ, пренесе Јава Њуз.
Албеу: Албанија со 6.221 вработен на онлајн платформите, втора во 8 земји на Балканот
„Онлајн пазарот на труд забрзано се шири насекаде во светот, а дел од него се веќе и балканскиот регион и Албанија.
Регионалниот извештај на „Гигметар“ покажа дека во октомври минатата година преку 6.200 Албанци биле вработени преку интернет.
Албанија е рангирана на второ место по Северна Македонија, во 8 земји од регионот по бројот на онлајн вработени во однос на населението.“, пренесува албанскиот портал Албеу.
КОСОВО
Газета Експрес: Косово го слави Денот на Европа, но патот до ЕУ е долг и со многу предизвици
„Денот на Европа денеска се одбележува и кај нас. Од прогласувањето на независноста, Косово континуирано се движи кон европските интеграции, кои се и негови цели. Сепак, запознаени со процесот на евроинтеграции, оценуваат дека патот на Косово кон членство во Европската унија е долг и со многу предизвици.
Иако Косово е далеку од евроинтеграциите, поради политички пречки, 9 мај – Денот на Европа се одбележува како официјален празник.“, пренесува косовскиот дневник Газета Експрес.
РТВ 21: Уапсени се две лица кои се обидувале да ја блокираат зградата на Општината во Звечан
„Косовската полиција уапси две лица во Звечан, откако истиот понеделник по полноќ заварувале железни шипки во објектот на општината.
Портпаролот на полицијата за северниот регион Ветон Елшани соопшти дека во оваа прилика заплениле и автомобил.“, пренесе косовската РТВ 21.
Бота Сот: Реципроцитет за Заедницата, треба ли да има самоуправување и за Албанците во Србија?
Албанскиот пратеник во Собранието на Србија Шаип Камбери во директен линк на А2 Си-Ен-Ен истакна дека решението треба да се бара во рамките на она што го дозволува Уставот на Косово.
„Никогаш не може да дозволи изградба на повисоки стандарди од оние на самата ЕУ за малцинствата и да не дозволи такви ситуации кога овие единствени стандарди би биле од вредност само за една заедница во Западен Балкан“, изјави меѓу другото пратеникот на Албанците во Србија, Камбери, пренесе косовскиот дневник Бота Сот.
КОЛУМНА
Газета Експрес: Омразата кон Албанците во Србија се уште не згаснала, не знаеме кога ќе се случи
„Албанофобијата во Србија не е мртва и не знаеме кога ќе биде. И какво исклучително чудно чувство на страв, презир и омраза кон Албанците, во земја и во општество кое формално сака Косово со албанско мнозинство во својот состав, нели? Или Србија, според стариот обичај, сака Косово – но без косовските Албанци?
Навистина, на насловната страница на про-режимскиот весник „Информер“ и на сите киосци во Србија неодамна се појави наслов: „Западот ѝ одби визи на лажна земја. Европо, еве ви ги Шиптарите! Земете ги сите во ЕУ!“ Чекај, што? Зарем целта на државната политика не е реинтеграција на Албанците во Србија?“, пишува во едиторијалот “Омразата кон Албанците во Србија се уште не згаснала, не знаеме кога ќе се случи“, во Газета Експрес.
Д. Тахири (ЦивилМедиа)