Управата за јавни приходи (УЈП) регистрира „загрижувачка состојба“ со исполнувањето на данокот на додадена вредност. До 25 јули 142 месечни и 2.134 тримесечни обврзници воопшто не поднеле ДДВ‑пријава, а 1.326 месечни и 7.748 тримесечни обврзници пријавиле, но не уплатиле ДДВ за соодветниот период, соопшти денеска институцијата.
„Даночната дисциплина не е избор, туку обврска. Секој ден задоцнување носи камата од 0,03 % и ризик од блокирана сметка“, предупредува директорката Елена Петрова.
УЈП веќе испрати персонализирани опомени и најави цел сет мерки – од интензивна комуникација со обврзниците и сметководителите, до присилна наплата ако долгот не се плати доброволно.