Донациите за Кочани стивнуваат, „Расплет“ повикува на масовно присуство на настанот за поддршка на повредените од пожарот

На 1 и 2 август во Кочани кај Споменикот на слободата ќе се одржи дводневен хуманитарен музички настан под името „Расплет“, организиран од млади активисти. Целта на фестивалот е да се соберат донации за повредените од пожарот што се случи во дискотеката Пулс.

Организаторите укажуваат дека донациите стивнуваат и апелираат јавноста да не ја прекинува поддршката.

„Донациите стивнуваат. Ние сме овде да ве потсетеме дека донациите не смеат да запрат, бидејќи им се најпотребни на повредените кои чекаат за нив, од кои некои директно се вклучени во фестивалот за нивна повторна социјализација“, велат организаторите.

Вториот ден од настанот, 2 август (сабота), ќе започне подоцна во денот, со цел да не се преклопи со најавениот мировен марш, кој исто така ќе се одржи тој ден. Организаторите го поддржуваат маршот и ги повикуваат граѓаните да учествуваат во него.

Настанот го посветуваат на Сара Јорданова но и сите други засегнати.

Влезот на фестивалот е бесплатен.

Зачлени се на нашиот е-билтен