Студентите со свој план за војската, Вучиќ вели дека касарните ќе опустат

Србија
Фото: Војска Србије

Студентската листа, која освои 140 од 250 пратенички места во Србија, предлага воениот рок да остане доброволен и да трае шест месеци. Александар Вучиќ во септември најави дека задолжителниот воен рок од 75 дена ќе почне во март 2027 година. Засега нема официјална одлука за запирање на подготовките за негово враќање.

Србија го суспендираше задолжителното служење во 2011 година и веќе има шестмесечен доброволен рок. Со својот план студентите сакаат да привлечат околу 3.000 доброволци годишно, со признаен работен стаж и месечен надомест од најмалку 20.000 динари. Целта е околу една четвртина од нив потоа да се вработат во војската.

Вучиќ во видео на Инстаграм рече дека касарните ќе останат празни и дека парите вложени во нив биле залудно потрошени. Тој ги обвини студентите и невладините организации дека го поткопуваат одбранбениот систем по налог на странски разузнавачки служби.

Студентската листа предлага и повисоки плати за професионалните војници, активна резерва од околу 3.000 луѓе и модернизација на противвоздушната одбрана. Во програмата е предвидено и повторно отворање на истрагите за смртта на двајцата гардисти во Топчидер во 2004 година и за падот на воениот хеликоптер Ми-17 во 2015 година.

Рацин.мк ве прашува:

Кој дел од системот е најодговорен за убиствата на жени?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој дел од системот е најодговорен за убиствата на жени?