Песков: Подобрувањето на односите меѓу Русија и САД ќе потрае

Русија
Dmitri Peskov, Kremlin.ru, CC BY 4.0 , via Wikimedia Commons

Подобрувањето на односите меѓу Русија и САД ќе потрае, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Секако, постои моментум во овој процес, рече Песков.

„Напорите за враќање на билатералните односи во нормала одземаат време“, нагласи тој.

Песков рече дека за време на мандатот на претседателот Џо Бајден, односите меѓу Москва и Вашингтон претрпеа невидено влошување.

Тој, исто така, посочи на долгиот период во кој немало директна средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот американски колега Доналд Трамп.

Портпаролот на Кремљ истакна дека ова е прв пат во модерната руска историја да поминат повеќе од половина година од инаугурацијата на новиот американски претседател и неговата средба со рускиот шеф на државата.

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?