Млада жена се обидела да ја убие бабата на сопругот

CC BY 2.0 , via Wikimedia Commons
CC BY 2.0 , via Wikimedia Commons

Млада жена се обидела да ја убие бабата на сопругот. Основното јавно обвинителство Скопје покрена истрага против 28-годишна жена, која е осомничена убиство во обид, откако во нивниот семеен дом се обидела со перница да ја задуши жената.

Според Обвинителството, таа на 15 август, во домот на улицата “Борис Бојаџиски”, додека оштетената родена 1938 година одмарала во една од собите, влегла во собата и ја заклучила вратата, а потоа седнала врз жртвата и и ставила перница врз главата со намера да ја задуши.

Ја притискала со перницата и ја удирала со тупаници по главата. Престанала кога мислела дека ја убила и за тоа му кажала на сопругот. Тој веднаш повикал полиција, а оштетената била пренесена во болница каде и биле констатирани нагмечување на главата и на вилицата, како и хематоми.

Јавниот обвинител побара и притвор за осомничената, затоа што постојат очигледни околности кои укажуваат на можност да го повтори делото, односно да го доврши обиденото дело.

Зачлени се на нашиот е-билтен