Кој тоа прави ујдурми со локалните избори? Мицкоски порачува дека доколку не бидат успешни ќе делегирал повереници во општините

Премиерот Христијан Мицковски порачува дека доколу има проблем во изборниот процес, владата има уставно и законско право да постави свои повереници да ги водат локалните самоуправи. 

Премиерот Христијан Мицковски порачува дека доколу има проблем во изборниот процес, владата има уставно и законско право да постави свои повереници да ги водат локалните самоуправи. 

„Се е можно, можно е гласачкото ливче да биде 7 – 8 метри, да ги обесхрабри граѓаните да излезат, да се намали цензусот, но тука закам да предупредам дека согласно Уставот и Законот ако не е успешен избирачкиот процес Владата е таа која именува владини повереници, така што неодговорнто однесување на поединци или поедини политички партии ќе резултира со ваков тип на можности. Сега дали тоа ќе се случи ќе видиме за многу скоро од денеска, до 1 сепетември треба да заврши овој процес и да се види каков ќе биде, рече Мицкоски.

Според дел од експертите постои законска можност владата да именува свој повереник – ако и во вториот изборен круг не се избере градоначалник. 

Поранешниот член на ДИК Јанаке Витановски – вели дека градоначалникот предложен од владата ќе ја води општината најмалку три месеци – период потребен за распишување и избор на нов прв човек на општината таму каде што изборите биле неуспешни. Вината за ваквата состојбата е во институциите кои се почесто 5 до 12 носат брзи решенија, додава Витановски, за ТВ24.

Најавата за владини повереници следува откако новиот правилник на ДИК овозможи со  само два граѓански потписи независните кандидати за советници и градоначалници да учествуваат на локалните избори. Следуваа реакции од независните кои сметаат дека со ова се отвора можност да се појават слични имиња со цел да се создаде забуна кај гласачите. 

Новиот правилник од државната изборна комисија е изгласан потпирајќи се на член 63 од Изборниот законик, иако Уставниот суд претходно го укина членот 62 – кој го регулираше бројот на потребни потписи, според кој независните кандидати мораа да обезбедат најмалку 1% потписи од запишаните избирачи во општината.

Зачлени се на нашиот е-билтен