Американскиот претседател Доналд Трамп изјави синоќа дека војната во Појасот Газа ќе заврши за неколку недели, без да прецизира како овој конфликт би завршил.
Трамп изјави дека „комуницира многу“ со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и дека му рекол дека војната во Појасот Газа наскоро мора да заврши.Тој рече дека САД и Израел продолжуваат да вршат притисок врз палестинската милитантна група Хамас да ги ослободи преостанатите заложници.
Трамп посочи на напорите на специјалниот претставник на САД за Блискиот Исток, Стив Виткоф, за обезбедување ослободување на заложниците, како и за обезбедување помош во храна за Појасот Газа.Американскиот државен секретар, Марко Рубио, во заедничко обраќање со Трамп, пред средбата со јужнокорејскиот претседател Ли Џае-мјунг, на новцинарите во Белата куќа им рече дека САД сакаат да ја завршат војната во Појасот Газа и дека конфликтот ќе заврши без Хамас.