Албанија е лидер во Европа во зелена енергија

Албанија е лидер во Европа во однос на зелена енергија. Таа произведува 99,3% од својата електрична енергија од обновливи извори, по што следи Норвешка со 99,1%, објавија Радио Телевизија Албанија.

Ова достигнување е особено значајно бидејќи Европа се соочува со сериозни енергетски предизвици. Ефикасното управување со ресурсите останува врвен приоритет за Европската Унија.

Албанија и Норвешка се лидери на континентот со речиси 100% производство на електрична енергија од обновливи извори. За споредба, просекот на ЕУ е само 42%.

По Албанија и Норвешка се Данска со 88,6%, Луксембург со 87,4% и Португалија со 78,6%.

Зачлени се на нашиот е-билтен