СДСМ и Мицкоски се судрија околу инфлацијата и реалниост раст во Македонија: Далеку сме од 4-та економија во Европа, граѓаните тоа го знаат по сопствениот џеб

Социјалдемократите денеска го обвинија премиерот Христијан Мицкоски дека е манипулатор бидејќи со инфлација од 4,8%, реалниот раст на БДП е -1,4%

Од таму порачуваат дека со инфлација од 4,8% повисока од растот на БДП, реалната економија оди надолу од -1.4%, а граѓаните тонат во сиромаштија.

„Македонија е далеку од 4-та економија во Европа како што сака Мицкоски да прикаже. Неговите фалби немаат врска со реалноста. Граѓаните не живеат од статистички бројки туку од сопствениот џеб. А таму реалноста е сурова: повисоки цени, пониски приходи и намален квалитет на живот. Македонскиот БДП по жител, според куповната моќ, е само 42% од просекот на ЕУ, повисок просек од нашите граѓани има дури и земјите во регионот, Србија со 51%, Црна Гора со 53%. Странските инвестиции се преполовени на 221 милиони евра, од 573 милиони евра минатата година со СДСМ“, велат од СДСМ.

Според СДСМ, ова се реалните катастрофални резултати на владата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, а нив граѓаните секојдневно ги гледаат, бидејќи живото им е сè потежок, а Македонија економски назадува.

Зачлени се на нашиот е-билтен