„Силјан“ Тамара Котевска ја освои наградата Cinema and Art во Венеција

Документарецот „Силјан“ на режисерката двојно номинирана за „Оскар“, Тамара Котевска, ја освои наградата Cinema and Arts, една од ретките на Биеналото, позната и како „Наградата на Музата“. Оваа награда е дел од официјалната натпреварувачка програма, а во конкуренција на 20 филма за ова признание, „Силјан“ го освои првото место и беше прогласен за најинспиративен филм на филмскиот фестивал во Вендеција.

Иако беше вон главната конкуренција („Out of Competition“) за „Златен лав“, токму „Силјан“ успеа да се издвои и заминува од Венеција со врвно признание.

Ја освоивме наградата „Муза“ на Венециското биенале. Прво место за „Приказната за Силјна“ од 20 филмови! Награда за најинспиративен филм и протагонисти! Во претходните години ја освоија Тим Бартон, Кшиштоф Кишловски и не многу други… НЕ МОЖЕВМЕ да се надеваме на подобар почеток на патувањето на Силијан“, напиша на социјалнитрен мрежи Тамара Котевска

Зачлени се на нашиот е-билтен