„Важно е што разговараме за сето ова. Да, дефинитивно (странските војници) ќе бидат илјадници, а не само неколку. И тоа е факт“, посочи Зеленски.
Претседателот на Франција, Емануел Макрон вчера изјави дека 26 земји се обврзале да обезбедат повоени гаранции за безбедноста на Украина, вклучувајќи ги и меѓународните воздушни, копнени и морски сили.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека сите западни војници распоредени во Украина би биле легитимна цел на руските напади.