Пожарот кај Берово локализиран, селата повеќе не се во опасност

Голем шумски пожар што вечерва го загрози Беровско е ставен под контрола. Екипите на Територијалната противпожарна единица и на „Национални шуми“ остануваат на терен и во текот на ноќта со цел огнот целосно да се изгаси, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов.

„Доколку пожарот продолжи и утре, ќе бидат вклучени еден армиски и еден полициски хеликоптер, како и два авиони ‘ер трактор’ на ДЗС. Подготвени се и три возила пинцгауер, а по потреба и дополнителна механизација“, изјави Ангелов.

Пожарот избувна на месноста Гарваново Андак, поради што Општина Берово претходно вечерва преку социјалните мрежи апелираше до граѓаните да помогнат во неговото гаснење.

Зачлени се на нашиот е-билтен